КИМИХ ГО ОДБРА НОВИОТ КЛУБ?
Објавено на: 05.07.2024
Џошуа Кимих го одбра Манчестер сити како следен клуб во неговата кариера, иако изборот пред него беше огромен со оглед на тоа дека во редот за преговори чекаа Барселона, Арсенал, Ливерпул и ПСЖ.
Кимих и дефинитивно повеќе не сака да игра за Баерн Минхен и притиска да биде продаден уште ова лето, наместо да го одбработи до крај договорот со Баварците и да замине во како слободен играч по крајот на следната сезона.
Она што сега останува е Баерн и Сити да се договорат околу сумата на трансферот, со тоа што Граѓаните се надеваат дека Баерн нема повторно да бара 60 милиони евра како што беше во јануари, односно ќе дадат некаков попуст.
Ако се постигне договор, Кимих ќе биде големо засилување за англискиот шампион и Пеп Гвардиола во пресрет на новата сезона, во која Сити повторно ќе влезе како фаворит за осовјување на Премиер лигата и Лигата на шампионите.