Фудбал

АРСЕНАЛ ЈА ДОБИ ТРКАТА ЗА ПОТПИСОТ НА НАЈБАРАНИОТ ИТАЛИЈАНЕЦ

Арсенал ги договори личните услови со Рикардо Калафјори, договорот ќе биде валиден до јуни 2029 година.

Топчиите со ова многу веројатно победија во трката за потписот на моментално најбараниот италијански фудбалер, кој импресионираше со своите настапи за Италија на Европското првенство, а имаше и одлична сезона во дресот на Болоња со обезбедување на пласман во Лигата на шампионите.

Сега останува Арсенал и Болоња да го договорат начинот на плаќање на трансферот, со тоа што калчолигашот бара сума од 50 милиони евра.