Фудбал

ТЕН ХАГ ПОТПИША НОВ ДОГОВОР СО ЈУНАЈТЕД И ЈА СТАВИ ПРВАТА SВЕЗДА НА ПРОДАЖБА

Манчестер јунајтед и Ерик Тен Хаг официјално ја продолжија соработката до јуни 2026 година, со што управата ја потврди довербата во холандскиот стратег.

Јунајтед со Тен Хаг на клупата во две сезони успеаја да освојат два трофеи во англиските купови, меѓутоа на лигашко ниво резултатите беа далеку од нивните очекувња, нешто на што ќе се работи со поголем фокус во наредниот период.

Напоредно, Тен Хаг одлучи да дозволи продажба на првата ѕвезда во екипата, Маркус Рашфорд, откако нивната професионална врска се распадна во претходниве неколку месеци. Поради тоа, Јунајтед постави цена за Рашфорд од 60 до 80 милиони фунти, доколку стигне понуда за услугите на англискиот офанзивец.

Пред извесно време Рашфорд се поврзуваше со преселба во ПСЖ како замена за Мбапе, но прашање е дали Маркус би ја сменил лигата со оглед на тоа дека Премиер лигата моментално е најквалитетна на Стариот Континент. Можно е некој од ривалите на Манчестер да се обиде да го ангажира Рашфорд во текот на летниот преоден рок.