Кошарка
ДОНЧИЌ! ИСТОРИЈА!
Објавено на: 04.07.2021
Со историски трипл-дабл од 31 поен, 11 скока и 13 асистенции на 22-годишниот Лука Дончиќ, Словенија ја совлада Литванија среде Каунас со 85:96 и за првпат ќе игра на ЛОИ, додека Литванците за првпат нема да играат.
Балканските селекции почнуваат да им стануваат кошмар на Литванците, се сеќаваме на поразот од Македонија на ЕП 2011-та во 1/4 финалето, со тројката на Владо Илиевски.
