Фудбал

НИ НА НЕБО, НИ НА ЗЕМЈА: И АСФАЛТОТ МУ Е УДОБЕН НА ПИЈАНИОТ БАЛОТЕЛИ (ВИДЕО)

Марио Балотели максимално го користи одморот да се забавува во родната Италија, но овојпат очигледно ја претера.

Поранешниот италијански репрезентативец испил чашка повеќе и никако да застане на нозе, а случајните минувачи кои го препознаа го снимаа како лежи на сред улица, „убиен“ од алкохол.

Јавноста, а особено фудбалските фанови се навикнати на секакви глупости кои ги прави Балотели, но оваа сцена воопшто не делува долично за еден професионален спортист.

Инаку Балотели кога ќе се отрезни ќе треба да бара нов клуб бидејќи му заврши соработката со Адана Демирспор, меѓутоа неговото име воопшто не е спомнато во медиумите кога станува збор за потенцијални ангажмани за време на овој летен преоден рок.