Фудбал

ДА ГИ „ОБЛЕЧЕМЕ“ УЛИЦИТЕ ВО ЦРВЕНО И БЕЛО

Заштитен знак му е палатата која датира уште од времето на Маврите, се вика Алхамбра, има 13 кули и гордо стои како протектор на едно време, кое е симбол на постоењето на еден град, кој се вика Гранада. На површина од 142.000 м2, во 2007-та беше кандидат за едно од „Новите седум светски чуда“.

Овој град, денес се гордее и со истоимениот фудбалски клуб кој се соочува со гигантот Манчестер Јунајтед во рамките на 1/4 финалето во Лига Европа, тотално непозната територија за колективот кој може да се пофали само со маргинални второлигашки и третолигашки достигнувања.

Контингент од околу 2.7 милиони туристи годишно, што според официјалните податоци е повеќе од која било друга туристичка атракција во Шпанија, го посетува(ше) ова мало андалузиско гратче изградено во подножјето на планинскиот масив Сиера Невада.

Штета што пандемијата нема да дозволи, историскиот ден да биде прославен во вистинско светло. Но, домашните најдоа начин да го претворат денот во празник пред да почне натпреварот, а сигурно ќе најдат начин да слават и по завршувањето на истиот, без разлика на резултатот.