ВАН НИСТЕЛРОЈ ГО ПРЕЗЕМА АНГЛИСКИОТ ВТОРОЛИГАШ
Објавено на: 20.06.2024
Барнли е многу блиску да назначи нов тренер по заминувањето на Венсан Компани, а според англиските медиуми би требало да биде Руд ван Нистелрој.
Легендата на Манчестер јунајтед подолго време е без ангажман откако го напушти кормилото на ПСВ пред крајот на сезоната 2022/23, но се чини дека одморот наскоро му завршува.
Ван Нистелрој како тренер ги помина сите младински тимови на ПСВ, а со првиот тим ги освои трофеите во холандскиот Куп и Суперкуп. Разбиливо, главната задача во Барнли ќе му биде да го врати клубот во англиската елита, откако Барнли со Компани не успеа да се спаси од испаѓање во сезоната која е зад нас.
Во случај да не се случи овој ангажман, Барнли ќе се насочи кон втората опција, Френк Лампард.