Фудбал

МЕСИ ВЕЌЕ НЕ Е ИГРАЧ НА БАРСЕЛОНА

Дали клупската икона ќе остане на Камп Ноу, зависи само од еден фактор, кој се вика Лионел Меси (34). На Аргентинецот од синоќа на полноќ и официјално му истече договорот со каталонскиот фудбалски клуб.

Дел од навивачите на Барселона се плашат дека Меси ќе замине, додека одреден дел се сигурни дека тој останува. Барселона е единствениот голем светски спортски бренд, сопственост на навивачите, организиран преку Собрание.

Волшебникот, во меѓувреме игра за селекцијата на неговата земја на Копа Америка, а на Стариот континент е цел на многу европски гиганти кои би сакале да го видат во своите редови…