Кошарка

ПРИЧИНАТА ЗА ИСТОРИСКИОТ ПОТЕГ НА КРИС ПОЛ

Најдобриот плејмејкер на денешницата, моментално, иако првично беше трејдуван во Оклахома, реши да потпише за Феникс. Потегот што беше оценет како лудост од многу „познавачи“ на кошарката, таа луда идеја, прерасна во пласман во НБА финалето и нова голема шанса за големиот прстен.

Под налетот на Пол и Букер, паднаа шампионот Лејкерс, фаворизираниот Денвер со МВП Никола Јокиќ и пребогатиот тим на Клиперс. Бајката може многу лесно да заврши со пехарот кој се чекаше и 1993-та, но тогаш со 4:2 од рацете на Баркли, Џонсон, Мајерли и компанија, го грабнаа Џордан и Булс.