ЕВРО 24

МАГИЧНАТА ОДБРАНА НА ШТАНЕК ПОРАДИ КОЈА НЕ СЕ СЛУШНА „СИИИИ“ ВО ЛАЈПЦИГ (ВИДЕО)

За одбраната на Јиндрих Штанек многу ќе се зборува во наредниот период, особено поради што покажа каква „мачка“ е против еден од најдобрите голгетери на сите времиња, Кристијано Роналдо, и тоа во рекордниот настап за португалската ѕвезда на ова ЕП.

Голманот на Чешка е најзаслужен што нема голови на дуелот во Лајпциг, откако со фантастична интервенција во 31-та минута не му дозволи на Роналдо да се израдува на гол со неговата претпознатлива прослава.

Бруно со одлично додавање го извади Роналдо сам пред противничкиот гол, па наместо водство за Португалија, ракометната одбрана на Штанек не дозволи промена на резултатот за конечни 0-0 по првите 45 минути.