ЕВРО 24

ДАМИ И ГОСПОДА, АРДА ЃУЛЕР! (ВИДЕО)

Турскиот бисер Арда Ѓулер штотоку покажа зошто со свои 18 години е фудбалер на Реал Мадрид.

Талентираниот офанзивец без дилеми го постигна најубавиот погодок досега на Европското првенство, со кој донесе водство од 2-1 за својата селекција протиц Грузија.

Ѓулер го искористи празниот простор и заспаната одбрана на Грузија, па потегна со својата лева нога од околу 25 метри и погоди на подалечниот дирек.

Перфекција од шут!