ЕВРО 24

ОРЛИТЕ ОСТАНАА БЕЗ ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ АДУТИ

Според информациите на повеќе српски медиуми, Филип Костиќ го заврши настапот на Европското првенство, откако се утврдило дека повредата на коленото е посериозна од првите најави.

Српскиот репрезентативец се повреди пред крајот на првото полувреме од дуелот против Англија, кога дошло до oштетување на предните вкрстени лигаменти, сериозен проблем за кој е потребна подолга пауза.

Ова е голем пех за селекторот Драган Стојковиќ, кој остана со само еден лев крилен играч, тоа е Филип Младеновиќ кој се покажа како достојна замена за Костиќ во остатокот од натпреварот против Англија.

Србија по поразот од Гордиот Албион треба да избори позитивни резултати против Словенија и Данска, доколку сака да се најде меѓу 16-те селекции во нокаут фазата.