Фудбал

ХАОС ВО НАПОЛИ ОКОЛУ ГРУЗИСКАТА SВЕЗДА – АГЕНТОТ ВЕЛИ „СИ ОДИ“, УПРАВАТА ОДГОВОРИ СО „НЕМА ШАНСИ“

Наполи разочара во изминатата сезона како бранител на Скудетото со финалното 10-то место на табелата, останувајќи без излез во ниту едно од трите меѓународни натпреварувања на УЕФА.

За враќање меѓу топ екипите во Италија, управата го ангажира Антонио Конте за нов тренер, стратегот кој со Јувентус и Интер ја освојуваше титулата на Чизмата. Сепак, проблемите во клубот допрва ќе се развиваат, бидејќи најдобрите поединци посакуваат да го напуштат клубот.

Виктор Осимен речиси сигурно ќе биде продаден, но не и Квича Кварацхелија. Агентот на грузиската ѕвезда изјави дека популарниот Кварадона одлучил да игра за клуб кој ќе настапува во Лигата на шампионите, по што управата на Наполи реагиаше со соопштение.

„По изјавата на претставниците на Кварацхелија, почувствуваме потреба да ги потсетиме дека нивниот клиент има важечки договор со клубот до јуни 2027 година. Кваравхелија НЕ Е НА ПРОДАЖБА! Агентите на играчите не одлучуваат за иднината на нивните клиенти, туку клубот, односно Наполи во овој случај, со оглед на тоа дека со нас поттпиша договор“, стои во соопштението.

Интерес за Квича секако постои, во редот за неговиот потпис се ПСЖ, Барселона, Арсенал, Манчестер јунајтед и Сити, но според изјавата од таборот на Наполи, сето тоа е залудно бидејќи тој ќе остане да игра во Серија А.