ЕВРО 24

СТАНЧИУ СО ГОЛЧИШТЕ ЈА „ЗДРВИ“ УКРАИНА И ГО ОТВОРИ ДУЕЛОТ ВО МИНХЕН (ВИДЕО)

Николај Станчиу го постигна можеби најубавиот погодок на Европското првенство засега, по кој Романија поведе со 1-0 против Украина во првиот натпревар за денес.

Искусниот фудбалер стрелаше максимално прецизно во подалечниот дел од противничкиот гол, откако Украинците ризикуваа пред сопствениот гол и го загубија поседот на топката, по што Станчиу мораше да казни.