ЕВРО 24

СЕ ЗАТЕПАА И СРБИТЕ СО АНГЛИЧАНИТЕ (ВИДЕО)

Денес очигледно е ден на тепачки во Германија, бидејќи покрај немилиот настан за кој пишувавме претходно, на ред дојдоа и Србите со Англичаните.

Германската полиција го оцени овој натпревар „од висок ризик“ многу одамна пред да започне Европското, а очигледно имало и зошто. На улицата „Веберштрасе“ во Гелзенкирхен се упатиле 22 комбиња со специјалци, откако настанала тепачка помеѓу Срби и Англичани. Видеа почнаа да се споделуваат на социјалните медиуми, а брканицата низ улиците на Гелзенкирхен продолжува со помали инциденти на повеќе места во градот.

И уште едно видео:

Сепак имаше и такво за почит, каде што Срби и Англичани пиеја заедно пиво на улиците пред натпреварот.