ЕВРО 24

СЕ УПАТИЛ СО СЕКИРА КОН ФАНОВИТЕ, ПОЛИЦИЈАТА ГО ЗАСТРЕЛА (ВИДЕО)

Ја имаме и првата немила сцена на ова Европско првенство и тоа пред натпреварот на Полска и Холандија во Хамбург.

Се уште нема индикации дали станува збор за терористички напад или за изолиран случај, но полицијата во Германија брзо си ја завршила работата, откако добила пријава дека човек со молотов коктел во едната рака и секира во другата се движи во фан зоната.

На следниот линк можете да го видите немилиот инцидент, а напаѓачот е во болница бидејќи не биле употребени вистински куршуми за неутрализирање.