ЕВРО 24

ДОМАЌИНОТ НА ЕП ОСТАНА БЕЗ ЕДЕН ПЛЕЈМЕJКЕР – ЕМРЕ ЧАН ГО МЕНУВА ПОВРЕДЕНИОТ ПАВЛОВИЌ

На два дена пред премиерниот натпревар на Европското првенство против Шкотска, германската репрезентација остана без талентираниот Александар Павловиќ.

Младиот играч за врска има воспаление на крајниците и е отстранет од националниот состав, а селекторот Џулијан Нагелсман го повика искусниот Емре Чан на негово место.

Вистинска штета е за Павловиќ што ќе го пропушти неговото прво големо натпреварување, откако беше во дилема дали да игра за Србија или Германија, за на крајот да одговори на повикот на Панцерите.

Германија во петок навечер ја стартува својата кампања, во Минхен на „Алијанц арената“ ќе ги одмери силите со Шкотска.