ЊУКАСЛ СО „СМЕШНА“ ПОНУДА ТРГНА НА ШОПИНГ ВО БАРСЕЛОНА
Објавено на: 12.06.2024
Њукасл планира да доведе квалитетни засилувања за тимот на Еди Хау да биде поконкурентен во новата сезона.
Меѓу првите мети е Феран Торес, крилниот офанзивец на Барселона, меѓутоа почетната понуда е ниска и многу веројатно ќе се одбие. Њукасл испрати само 15 милиони евра, плус дополнителни 5 милиони евра во бонус.
Торес немаше посебно добра сезона, на 42 настапи реализира 11 гола и 4 асистенции, проследена со чести повреди. Поради тоа Њукасл достави евтина понуда, не сметајќи на фактот дека Барса го купи Торес за 55 милиони евра пред две сезони.
Оваа трансфер-сага се очекува да се развлече во текот на летото, особено што Торес моментално е фокусиран на Шпанија и настапот на Европското првенство, па дури потоа ќе размислува дали да се врати во Премиер лигата, каде играше за Манчестер сити.