ЕВРО 24

ДОКТОРСКА ДИСЕРТАЦИЈА НА ГРУПА Е

На прв поглед, групата Е можеби е најпредвидливата група во која се очекува доминација на Белгијците, a дилемата и вистинската битка би требало да се одвива за второто место. Во таа насока, даваме своја анализа и типстерско предвидување на селекциите oд оваа група Е.

БЕЛГИЈА

  • ФИФА ранг-листа: 4
  • Најдобар учинок: Вицешампиони до 1980 година

За разлика од претходните неколку турнири, Белгијците овојпат не се меѓу првите фаворити за освојување на титулата. Отсуството на Тибо Куртоа сигурно ќе биде наплатено, но ќе биде интересно да се види како ќе играат под водство на новиот селектор Доменико Тедеско. Што се однесува до типување, најпаметно е да се игра пласман на Белгија во 1/4 финале со 1.50 коефициент, што би бил нивен максимум според нас.

КЛУЧНИ ИГРАЧИ

Од капитенот Кевин Де Брујне ќе зависи речиси целиот настап на Белгија, но и Ромелу Лукаку како најискусен голгетер во составот. Тука е и брзоногиот Доку како најопасна закана од контра-нападот, но веруваме дека ова европско ќе се роди можеби и нов предводник во таборот на Ѓаволите.

 

УКРАИНА

  • ФИФА ранг-листа: 22
  • Најдобар учинок: 1/4 финале во 2020 година

Украина ќе се обиде да го повтори успехот од последното ЕП кога стигна да биде меѓу најдобрите 8 селекции од Стариот Континент. Составот од тој турнир е речиси истиот, со тоа што сега Украинците се доста поискусни и имаат нов расен голгетер, хит-сензацијата од Жирона – Артем Довбик. Да не се претерува со типување на пласман во 1/4 финалето, подобро е да се типува дека Украина ќе биде втора во групата, а коефициентот е 3.10.

КЛУЧНИ ИГРАЧИ

Украинците имаат квалитет во сите редови. Лунин со настапите за Реал Мадрид сезонава го зацeментира своето место меѓу диреците. Одбраната ќе биде командувана од Забарњи, од крилните позиции ќе разигруваат Јармоленко и Мудрик, а нападот на чело со Довбик може да биде проблем за секој противник.

 

СЛОВАЧКА

  • ФИФА ранг листа: 45
  • Најдобар учинок: 1/8 финале во 2016 година

Квалитетот на составот е она што ја прави Словачка ранлива, иако селекторот Калцона успеа да го наметне својот стил на игра. Настапот на Словаците ќе зависи од формата на клучните играчи, како и нивното здравје. Коефициентот дека Словачка ќе стигне до 1/8 финалето е 1.75, можеби премногу низок, па ако веруваш дека Украина или Романија можат да потфрлат, еве ти сигурен тип за тикетот пред почетокот на првенството.

КЛУЧНИ ИГРАЧИ

Милан Шкрињар иако не се изнаигра сезонава во ПСЖ, ќе треба да се покаже во најдобро можно светло како огранизатор на одбранбената линија, додека плејмејкерските обврски се оставени на Лоботка. А, кој ќе дава голови, е, тоа е вистинското прашање, па помогни ни ти и пиши ни на социјалните медиуми.

 

РОМАНИЈА

  • ФИФА ранг-листа: 43
  • Најдобар учинок: 1/4 финале во 2000 година

Целта на Романците ќе биде пласман во нокаут-фазата, но тоа е едно од најтешките предвидувања секогаш кога оваа репрезентација учествува на голем турнир. Да не бидат поразени повеќе од еднаш, би било успех за Романија иако не е во тешка група. Трето место во група со коефициент 3.00, е подарок од нас за Романците, но и за вас кои очекувате изненадувања.

КЛУЧНИ ИГРАЧИ

Раду Драгушин, членот на Тотенхем е најзвучното име во составот, како и технички поткованиот Јанис Хаџи, синот на романската легенда Георге, се играчите кои треба да ја направат разликата на теренот.

 

ДОКТОРСКО ПРЕДВИДУВАЊЕ

Да не должиме многу, јасно е дека Белгија ќе биде прва, а второто место многу веројатно ќе припадне на Украина. Словачка и Романија сами нека одлучуваат која селекција ќе го завземе третото место.

 

ТИПОВИ ЗА ОВАА ГРУПА ОД СПЕЦИЈАЛНАТА ПОНУДА

Белгија да освои +6.5 бода во група

Шифра: 6517

Коефициент: 1.95

 

Украина да има -4.5 постигнати голови во група

Шифра: 6539

Коефициент: 1.70

 

Словачка да биде последна во група

Шифра: 6521

Коефициент: 2.70

 

Романија да постигне најмалку голови на првенството

Шифра: 6740

Коефициент: 11.00