ХОЛАНЃАНИТЕ ВО ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ, А ЕП ДОПРВА ТРЕБА ДА ПОЧНЕ
Објавено на: 11.06.2024
Роланд Куман, селекторот на Холандија, трпи главоболки на само неколку дена од стартот на Европското првенство.
Згаснаа надежите дека Френки Де Јонг ќе закрепне до почетокот на шампионатот, но повредата на десното колено и натаму го мачи, за што сега фудбалерот на Барселона размислува дали да се оперира. Де Јонг го напушти тренинг-кампот на Лалињата, а на негово место повикан е бекот на Челси, Ијан Матсен.
По вчерашната контолка против Исланд, играчот за врска Теун Купмејнерс исто така се здоби со повреда, која очигледно е сериозна, па и тој е отстранет од репрезнтацијата на Холандија која деновиве се подготвува во Волфсбург во пресрет на ЕП.
Куман сега ќе мора во краток период да ја адаптира тактиката, како и формацијата, со цел да избори што е можно подобри резултати во тешката група Д каде уште се Франција, Австрија и Полска.
Холанѓаните на 16 јуни го играат првиот натпревар, против Полска во Хамбург.