ХОЛИВУДСКИТЕ SВЕЗДИ НЕ СЕ ОТКАЖУВААТ ОД БЕЈЛ – ГО УБЕДУВААТ ДА ЈА ПРЕКИНЕ ПЕНЗИЈАТА
Објавено на: 11.06.2024
Герет Бејл веќе извесно време одолева на интересната понуда да ја прекине пензијата и да се врати на фудбалските терени, за да игра во третата лига на Англија.
Новиот третолигаш Врексам на чело со холивудските газди Рајан Рејнолдс и Роб Мекелени, не се откажуваат од нивниот сон да го видат најдобриот велшки фудбалер во историјата да заигра за нивниот клуб. Предлогот до Бејл е да помогне на тимот во обидот да обезбеди уште една промоција во Чемпионшип, а потоа да напаѓаат пласман во англиската елита.
Врексам две сезони во низа обезбедува промоција, од петтата лига стигна до Лига 1, со амбиции да стигне да се надигрува со гигантите како Манчестер сити и оснатите премиерлигаши.
Бејл на 33 гoдини се пензионира по настапот со Велс на Светското првенство во 2022 година, ставајќи крај на една блескава кариера со дузина освоени трофеи како играч на Реал Мадрид.
Ќе прифати ли?