БАМФОРД, АЛИСОКИ И КРОМИДОТ ЗА ЗАКРЕПНУВАЊЕ ОД ПОВРЕДА
Објавено на: 10.06.2024
Имаше Езѓан Алиоски свои моменти во Премиер лигата, како еден од најинтересните фудбалери на Лидс јунајтед.
Македонскиот репрезентативец моментално е далеку од таа форма, но за него уште се зборува во клубот. Патрик Бамфорд неодамна раскажа интересна анегдота за популаниот Џани, која ќе ја разберат само жители на балканските земји.
„Имаше некоја ситна повреда, па утредента на тренинг дојде без опрема и се упати во физикалната соба. Наеднаш, сите се запрашаа каква е оваа миризба. Кога Џани се соблече, видовме како на повредата имаше ставено згмечен кромид“, раскажа Бамфорд.
Кромид врз повреда или рана се става за побрзо заздравување и намалување на болката и отокот, според старите начини на алтернативно лекување кои потекнуваат токму од нашите простори.