НАЈДОБИОТ ИГРАЧ ВО ПЛ ЗА СЕЗОНАТА 2023/24, СТАНУВА НАЈПЛАТЕН АНГЛИЧАНЕЦ ВО ИСТОРИЈАТА
Објавено на: 10.06.2024
Фил Фоден несомнено беше носителот на Манчестер сити кон четвртата последователна титула во Премиер лигата, за што беше прогласен за најдобар фудбалер на сезоната.
Англискиот офанзивец запиша 19 гола и 8 асистенции во шампионатот, постигнувајќи неколку клучни погодоци за победа, па сега управата сака да го награди за одличната сезона.
Граѓаните ќе го врзат Фоден со нов долгогодишен договор, со двојно повисока плата што ќе го направи најплатен англиски фудбалер во историјата. Моменталната неделна заработка на Фоден е 200.000 фунти, а по Европското првенство ќе стави потпис на новиот договор кој ќе го направи мулти-милионер.
Фоден досега има освоено 15 титули со Сити, од кои шест се во Премиер лигата, а се чини дека уште долго време ќе гази на англиските терени.