БОМБА ВО МАК-ФУДБАЛОТ – ГОСТИВАР ПОТПИШУВА СО ПОРАНЕШЕН ЕВРОПСКИ ПРВАК!
Објавено на: 10.06.2024
Ако се верува на екслузивната информација на „Макфудбал“, Луис Нани наскоро треба да потпише договор со прволигашот Гостивар.
Поранешниот европски шампион со Манчестер јунајтед и Португалија доаѓа како најголемото име во поновата историја на македонскиот фудбал. Наводно Нани добил одлична финансиска понуда и се чека само финалното „да“, со потпис на договорот.
Нани во моментов е слободен агент откако му заврши соработката со Адана Демирспор, а претходно играше уште за Орландо, Фенербахче, Валенсија и Спортинг Лисабон. За Португалија запиша 122 настапи и памети европска титула од 2016 година.
Инаку, во блиското минато Гостивар се обиде да доведе познати имиња како Рикардо Кваресма и Матју Валбуена, но можеби Нани ќе им биде трета среќа.