Кошарка

ДУРАНТ ГО ВЕЖБА ШУТОТ ЗА ОЛИМПИЈАДА… СРЕДЕ ДИСКОTEKA (ВИДЕО)

За нешто повеќе од месец и половина светот ќе го сврти вниманието кон Париз и Олимписките игри. Меѓу најследените спортови на планетарниот собир е кошарката, особено што на оваа Олимпијада се враќа „дрим-тимот“ на САД предводен од великаните како Леброн Џејмс, Стеф Кари и Кевин Дурант.

Токму една од тие ѕвезди ја зачуди јавноста со своето однесување од пред неколку дена. Дурант беше снимен во дискотека како го вежба шутот, поточно правилното исфрлање без баскет во рацете. Тоа го повтори неколкупати, што јавноста го протолкува како посветеност на професијата.

За потсетување, САД во групната фаза ќе се соочи со Србија, Јужен Судан и победниците од квалификацискиот турнир во Порторико, поточно една од шесте селекции на Мексико, Брегот на Слоновата Коска, Литванија, Италија, Порторико и Бахреин.