СПАЛЕТИ ЈА КРПИ ОДБРАНАТА СО СТОПЕРОТ НА ЈУВЕНТУС
Објавено на: 03.06.2024
Сплетот на околности му ги отвори вратите на Федерико Гати во италијанската репрезентација за претстојното Европско првенство.
Дефанзивецот на Јувентус зааботи повик од Лучијано Спалети, како замена за талентираниот Џорџо Скалвини кој вчера ги скина вкрстените лигаменти на коленото и го чека подолга пауза. Тој е вториот италијански стопер кој се повреди пред почетокот на континенталниот турнир, по искусниот Франческо Ачерби.
Гати иако одигра само три меча за Аѕурите во изминативе две години, ќе биде дел од националниот тим за Европското во Германија. Последен настап му беше против Македонија кога Италијанците славеа со 5-2 во квалификациите.