Фудбал

ХАЛАНД МАЈСТОРЕ…ПОТРОШИЛ ПОЛА МИЛИОН ЕВРА ЗА ШЕСТ ЧАСА ВО КАФАНА

Норвешка не учествува на Европското првенство, па Ерлинг Халанд може мирно да си се опушти на Миконос. Голгетерското чудо од Бундес – лигата толку многу се опуштил, што за шест часа во кафана потрошил пола милион евра.

Ерлинг и друштвото седнале во еден од најпознатите ресторани на елитниот грчки остров и за неколку часа направиле цех од неверојатни 500.000 евра. Изгледа дека Халанд освен во шеснаесетникот добро се снаоѓа и во кафана.

Се разбира, не изостана, и добриот бакшиш за услугата. Халанд галантно одвоил 30.000 евра за добрата послуга на ресторанот.