ДОКТОРСКА ДИСЕРТАЦИЈА НА ГРУПА Б
Објавено на: 31.05.2024
Брзо изминуваат деновите до почетокот на Европското првенство во Германија, репрезентациите полека се собираат и ги почнуваат подготовките, па така и ние се подготвуваме и анализираме како можеме да заработиме со точни типстерски предвидувања. Откако дадовме наше „стручно“ мислење и осврт на групата А, следува мала анализа на групата Б која многумина ја нарекуваат и група на смртта, во која играат Шпанија, Италија, Хрватска и Албанија.
ШПАНИЈА
- ФИФА ранг-листа: 8
- Најдобар учинок: Шампиони во 1964, 2008 и 2012 година.
Како никогаш до сега, Шпанија ќе настапи со репрезентација која е микс на искусни играчи и млади таленти кои надоаѓаат во фудбалскиот свет. Предводени од Родри, Педри и Мората, Шпанците имаат само два порази на последните 22 натпревари на Европските првенства, натпревари кои очигледно им лежат и може да се каже дека се едни од фаворитите зад Франција, Англија и Португалија. Коефициентот за подигнување на трофејот од „шпанска рака“ е одлични 10.00, додека пласман во финалето е 4.80 во нашата специјална ЕВРО понуда.

КЛУЧНИ ИГРАЧИ
Без разлика што Педри го мачеа повреди оваа сезона и можеше во целост да ѝ помогне на Барселона, сепак токму од него се очекува да биде моторот на Шпанците. Кога Педри игра на врвно ниво, и неговите соиграчи се подобри на теренот.
ИТАЛИЈА
- ФИФА ранг-листа: 9
- Најдобар учинок: Шампиони во 1968 и 2020 година
Аѕурите предводени од Лучијано Спалети ќе целат на одбрана на титулата, но колку е тоа возможно со речиси целосно обновен тим, тешко е да се предвиди. „Лаки Лучијано“ форсира различна стратегија од онаа на Манчини, фудбалерите очигледно му веруваат, а долгите сезони на италијанските екипи во Европа и пред се одбранбената тројка во Интер (тимот со најмалку примени голови во Италија и Европа) потпомогнати со Барела пред нив им ветува добра надеж за висок пласман. Полуфинале е реална цел за Италијанците, кои влегуваат како „потцените“ од спортските букмејкери, а коефициентот за таков исход во нашата понуда е 4.10.

КЛУЧНИ ИГРАЧИ
Можеби би го ставиле Киеза, Имобиле или Скамака во оваа поткатегорија кога Италија е во прашање, но моторот на репрезентацијата е Николо Барела. Кога тој игра, игра и Италија, а доказ за тоа се трите асистенции во квалификациите, издвојувајќи го како најдобар асистент во репрезентацијата. Останува да видиме дали добрата форма од клупските натпревари ќе ја преточи и во синиот дрес.
ХРВАТСКА
- ФИФА ранг листа: 10
- Најдобар учинок: Четвртфинале во 1996 и 2008 година
Коцкастите минаа тешки квалификации со два неочекувани порази во октомври, Но, откако обезбедија пласман на завршниот турнир, Хрватите ги кренаа своите очекувања, односно прва цел ќе им биде повторно да бидат меѓу најдобрите 8 селекции, особено што се очекува огромна бројка на хрватски навивачи да ги поддржуваат нивните миленици. Впрочем, знаат како да играат на завршните турнири, нели?

Коефициентот за пласман на Хрватите во топ 8 е 3.20.
КЛУЧНИ ИГРАЧИ
Ветеранот Лука Модриќ ќе го игра последниот голем турнир со неговата Хрватска, па како прва ѕвезда нормално е да го носи товарот на целата репрезентација. Голема помош Хрватите полагаат во Ловро Мајер и Бруно Петковиќ, кои се очекува да бидат следните носители на репрезентацијата во следните првенства.
АЛБАНИЈА
- ФИФА ранг-листа: 62
- Најдобар учинок: Групна фаза во 2016 година
Целта на Албанија е да го подоби историскиот успех од пред 8 години, кога стигнаа до групната фаза и дури славеа победа над Романија во последното коло. Тогаш не успеаја како најдобра третопласирана репрезентација да стигнат до нокаут-фазата, а токму пласман меѓу 16-те најдобри е сонот на Албанците.

КЛУЧНИ ИГРАЧИ
Армандо Броја, детето од школата на Челси, веројатно е најзвучното име во оваа селекција. Напаѓачот го пропушти целиот квалификациски циклус поради тешка повреда, но оваа полусезона ја враќаше формата на позајмица во Фулам. Опасности ќе доаѓаат и од Кристјан Аслани, играчот за врска на Интер, кој собра искуство сезонава во шампионскиот тим на Нероаѕурите.
ДОКТОРСКО ПРЕДВИДУВАЊЕ
Веројатно и најтешката група на ова ЕП е групата Б, во која освен Албанија, сите останати се во игра за нокаут фаза. Не фаќа трема кога треба да типуваме кој оди понатаму, но ајде да се пробаме.
Шпанија прва, Италија втора, а Хрватите да обезбедат пласман понатаму како најдобра трета репрезентација?
ТИПОВИ ЗА ОВАА ГРУПА ОД СПЕЦИЈАЛНАТА ПОНУДА
Шпанија да постигне -5.5 гола во групата
Шифра: 6386: –
Коефициент: 1.75
Италија да биде втора во група
Шифра: 6353
Коефициент: 2.65
Петковиќ да биде најдобар стрелец на Хрватска
Шифра: 7116
Коефициент: 6.00
Албанија да промаши +6.5 шанси за гол
Шифра: 6390
Коефициент: 2.05