ДОНЧИЌ ВО УЛОГА НА ПРОМОТЕР НА БАЛКАНСКАТА КУЛТУРА ВО НБА (ВИДЕО)
Објавено на: 31.05.2024
Далас маверикс по 11 години пауза ќе се бори за титулата во НБА, благодарение на одличното дуо Лука Дончиќ – Кајри Ирвинг, кои ноќеска комбинираа 72 поени за четврта победа над Минесота во западното финале.
По мечот, се славеше на големо во соблекувалната на Далас, а кога Ирвинг даваше изјава, во тој момент Словенецот реши да се забавува со српка музика, но наместо неговите омилени турбофолк хитови, овојпат пушти песна од популарната хип-хоп група „Београдски синдикат“. Песната со називот „Ние сме таа екипа“ совршено се вклопи во целиот славенички момент.
View this post on Instagram
Далас инаку во финалната серија ќе се сретне со Бостон селтикс. Првиот меч е закажан за 7 јуни.