ДОКТОРСКА ДИСЕРТАЦИЈА НА ГРУПА А
Објавено на: 28.05.2024
Европското првенство е само на 17 дена од денес, а вистинските играчи не губат ниту еден ден за да се подготват со потребната статистика, историјат и традиција за секој учесник одделно. Затоа од денес па во секој нареден број, детално „разглабуваме“ група по група и секој учесник на Европското првенство, со мала, кратка, но слатка „дисертација“ и ви ги откриваме сите игри и понуди пред почетокот на Европското првенство, во толкав број каков што немало никогаш до сега!
ГЕРМАНИЈА
- ФИФА ранг-листа: 16
- Најдобар учинок: Победници во 1972, 1980 и 1996 година
Германија како домаќин на претстојното ЕП не учествуваше во квалификациите, а со тоа само им го зголеми апетитот за победи на избраниците на Нагелсман. По слабиот настап на Мундијалот во 2022 година, Германците во пријателски мечеви бележеа порази од Полска, Колумбија, Јапонија, Турција и Австрија, но на мартовските контролки откако Нагелсман првпат застана на кормилото, триумфираа против Франција и Холандија со што се вивнаа апетитите до небо, но најавија и нов модерен пристап на панцирите во играта.

Германија не е фаворит, но со поддршка од домашната публика, новиот селектор, младите играчи, никогаш не е за отпишување, нели?
КЛУЧНИ ИГРАЧИ
Во тим во кој нема супер-ѕвезди, оние кои вредат да се издвојат се Џошуа Кимих и Џамал Мусијала. Кимих е еден од најинтелигентните фудбалери на денешницата, неговиот квалитет му овозможува да игра на високо ниво и како играч за врска, но и како десен бек. Сепак, очекувањата за „експлозија“ на првенството се положува во младата ѕвезда – Џамал Мусијала, кој треба да го крене нивото на игра по разочарувачката сезона со неговиот Баерн.
ШКОТСКА
- ФИФА ранг-листа: 36
- Најдобар учинок: Групна фаза во 1992, 1996 и 2020 година
Шкотите ја покажаа моќта во квалификациите, играјќи тврда, добро поставена игра од почеток до крај без многу голови, па така следна цел им е да направат чекор повеќе и да се пласираат во нокаут-фазата од ова ЕП. На минатиот континентален собир освоија само еден бод, но во оваа група со Унгарија, Швајцарија и Германија им дава надеж дека може да ја остварат целта.
КЛУЧНИ ИГРАЧИ
Селекцијата во главно е составена од играчи кои настапуваат во англиската Премиер лига, а од таму искусните Мекгин и Мектоминеј кои се срцето на шкотскиот среден ред, ќе го носат товарот на целата нивна земја.

УНГАРИЈА
- ФИФА ранг-листа: 27
- Најдобар учинок: Трето место во 1964 година
Унгарците беа феноменални во квалификациите, но и изборот на противници доста им ја олесни работата во групата. Сепак, без сомнение може да се констатира дека Унгарците се сè подобри и подобри од година во година, а настапите на големите првенства им даваат дополнително искуусутво кое може да биде круцијално на вакви натпреварувања. Победата над Англија во Лигата на Нации беше доказ дека Унгарија може да се носи со репрезентации од највисокиот ранг, а сега им се предвидува дека ќе стигнат дури до топ 8 на ова ЕП.

КЛУЧНИ ИГРАЧИ
Sвездата на Ливерпул го оправда потенцијалот на вундеркид и прерасна во играч од светска класа. Доминик Собослаи поседува ретки квалитети кога станува збор за изведување прекини, а токму во такви ситуации Унгарците се најопасни. Неговата форма од Премиер лигата е надеж дека може да биде она што им е потребно на Унгарците за да обезбедат пласман во нокаут фазата.
ШВАЈЦАРИЈА
- ФИФА ранг-листа: 18
- Најдобар учинок: Четвртфинале во 2020 година
Во нивните најдобри денови, Швајцарците се способни да преслушаат велесила како што е Франција, но кога не им оди ништо од рака или во случајов нога, знаат да загубат и од Белорусија. Така беше и во квалификациите, наредија три победи, па загубија од Андора. Тешко е да се предвиди до каде може да стигне Швајцарија, но ова е репрезентација од која може да се очекува изненадување.

КЛУЧНИ ИГРАЧИ
Швајцарија има состав полн со ѕвезди кои играат за едни од најголемите клубови во светот, како Сомер, Аканжи, Окафор, но сепак првото име е Гранит Џака. Искусниот играч за врска сезонава брилираше на клупски план со Леверкузен, па како капитен токму од него се очекува да биде лидерот на оваа селекција.
ДОКТОРСКО ПРЕДВИДУВАЊЕ
Германија е секогаш фаворит, но 11 порази во 2023 година се уште фрлаат дамка на нивниот потенцијал на претстојното Европско. Сепак, веруваме дека „панцирите“ ќе успеат да се пласираат во нокаут фазата, а друштво таму по тешка битка ќе им прават Швајцарците, кои имаат репрезентација која знае како да игра на големи натпреварувања.
ТИПОВИ ЗА ОВАА ГРУПА ОД СПЕЦИЈАЛНАТА ПОНУДА
Германија да постигне +6.5 гола во група
Шифра: 6314: +
Коефициент: 2.00
Швајцарија да биде втора во група
Шифра: 6318
Коефициент: 2.65
Че Адамс да биде најдобар стрелец за Шкоткска
Шифра: 7179
Коефициент: 4.00
Унгарија да има помалку од 3.5 бода во група
Шифра: 6351
Коефициент: 1.60