Фудбал

ХОРОР ВО ХРВАТСКА: ИЗРЕШЕТАН АВТОМОБИЛОТ НА СПОРТСКИОТ ДИРЕКТОР НА ОСИЕК

Жозе Бото, спортскиот директор на хрватскиот прволигаш Осиек, се соочи со страотна сцена утрово кога го видел службениот автомобил целиот изрешетан со куршуми.

Автомобилот со марката „Фолцваген Артеон“, бил оштетен на повеќе места, а дури седум куршуми биле испукани на ветробранското стакло на страната на возачот.

Полицијата спроведе истрага со цел да се разреши случајот, а првите сомнежи се дека се работи за некакво испраќање на заканувачка порака.