ШТЕТА: ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ ГОЛМАНИ ВО СВЕТОТ НЕМА ДА БРАНИ НА ЕУРО 2024
Објавено на: 28.05.2024
Доменико Тедеско, селекторот на Белгија, го соопшти списокот на фудбалери за претстојното Европско првенство, со што направи една шокантна одлука во изборот за голманската позиција.
Од засега непознати причини изоставен е еден од најдобрите чувари на мрежите во светот, Тибо Куртоа. Добро познато е дека Куртоа надмина две тешки повреди на колената оваа сезона и успеа да закрепне во финишот, дури и настапуваше за Реал Мадрид.
Сепак, Тедеско одлучи да не го повика голманот на Кралевите, односно повеќе доверба им даде на Коен Кастелс од Волфсбург, Томас Камински од Лутон и Мат Селс од Нотингем форест. Се шпекулира дека Тедеско и Куртоа не се во најдобри односи, но дали навистина тоа е причината што Тибо не е на списокот, или сепак повредите се изговор, не се знае.
Дали оваа одлука ќе биде фатална за Белгијците, првичниот одговор ќе го добиеме во натпреварите од групната фаза, каде популарните Ѓаволи ќе ги одмерат силите против Романија, Словачка и Украина.