Фудбал

МАКЕДОНИЈА БЕЗ КАПИТЕНОТ ВО ЈУНСКИТЕ КОНТРОЛКИ

Сениорската фудбалска репрезентација на Македонија во јуни има закажано два пријателски натпревари со Хрватска и Чешка, за кои селекторот Боби Милевски нема да може да смета на капитенот Енис Барди.

Нашиот плејмејкер се здоби со повреда на рамото во последниот натпревар за Трабзонспор сезонава, по што му се предвидува од неколку недели. Докторите му препорачале на Барди да мирува, па така Македонија ќе биде значително ослабена за контролните дуели на 3 јуни во Риека, односно на 10 јуни во Храдец Кралове.

Во меѓувреме, македонските репрезентативци кои беа повикани од Милевски денес се собраа за да отпочнат со подготовките токму за овие два натпревари.