Кошарка

И МАКРОН НАВИВАЛ ЗА ПАНАТИНАИКОС

Кој би рекол дека францускиот претседател навивал за Панатинаикос на вчерашниот дуел со Реал Мадрид во финалето на Евролигата?

Тој на свечен настан за кој се уште нема локација каде се одржал, бил пречекан од група навивачи на Панатинаикос, очигледно грчки иселеници во Франција кои дофрлуваа до него дека во грчкиот тим игра Матијас Лесор, исто така Французин.

Макрон им се доближи, тие побараа од него да каже „Панатинаикос засекогаш“, но тој тоа дипломатски го одби изјавувајќи дека им кажал на неговите соиграчи дека Панатинаикос ја освојува Евролигата.

Погледнете: