АРТЕТА ТРГНА ПО SВЕЗДАТА НА МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД
Објавено на: 27.05.2024
Арсенал втора сезона по ред ја испушти титулата во Премиер лигата за влакно, па за да се прекине таа лоша низа Микел Артета ќе мора да го освежи тимот.
Главна цел на Артета е да го засили нападот, па така го сврте своето внимание кон Маркус Рашфорд, англиската ѕвезда на Манчестер јунајтед. Зад Рашфорд е разочарувачка сезона на индивиуално ниво, што резултираше со изоставување од селекцијата на Англија за претстојното Европско првенство, но тоа не го плаши предводникот на Топчиите кој верува дека може да му помогне на Рашфорд да ја поврати вистинската форма.
Наводно и Црвените ѓаволи би дозволиле заминување на своето дете од академијата, но дали ќе го пушти во ривалски клуб, засега е непознато. Пред извесно време кружеа шпекулации дека Рашфорд би можел да биде замената за Мбапе во ПСЖ, по што излезе проценка од 100 милиони евра доколку Светците тргнат по неговиот потпис, а многу веројатно таа цена ќе важи и за Арсенал.