МИЛАН ДЕМАНТИРА, НО И ПОКРАЈ ТОА СЕ ЧИНИ ДЕКА ОСТАНА БЕЗ ВTOРИОТ КАПИTEН
Објавено на: 23.05.2024
Главната задача на Баерн Минхен е што поскоро да најде нов тренер, но додека потрагата за наследник на Томас Тухел е во тек, Баварците наводно договорија еден голем трансфер.
Шпанска „Марка“ известува дека Баварците постигнале договор со Милан околу трансферот на Тео Ернандес, но не е спомената сума и дали германскиот гигант отпочнал преговори околу договорот на левиот бек на Росонерите.
Фактот дека Баерн летово ќе остане без Алфонсо Дејвис го вклучи алармот кај раководството, кое се чини дека реагираше така што нема да загуби на квалитет на левата бековска позиција.
Тео оваа сезона запиша 5 гола и 11 асистенции во дресот на Милан, статистика која покажува колку големо засилување за најтрофејниот германски клуб.