Фудбал

ГОТОВО Е: ДИМИТРИЕВСКИ Е НОВ ГОЛМАН НА ВАЛЕНСИЈА!

Столе Димитриевски од 1 јули и официјално ќе биде нов член на Валенсија, откако македонскиот репрезентативец го потпишал договорот со популарните Лилјаци.

Соработката ќе трае до јуни 2028 година, Столе на „Месталја“ доаѓа како слободен играч откако ја одигра последната сезона во дресот на Рајо Валјекано.

Нашиот чувар на мрежата конечно ќе го оствари посакуваниот трансфер, откако се шпекулираше дека има шанси преддоговорот да не се реализира бидејќи проблем правеше Гиорги Мамардашвили. Грузискиот голман се очекува да го напушти клубот откако се појави голем интерес за неговите услуги, со што ќе се ослободи позицијата токму за нашиот Столе.

Димитриевски помина шест сезони во редовите на Рајо, каде запиша 191 настап со 55 натпревари на кои ја сочувал мрежата.