Фудбал

СТАРО-НОВИОТ АНГЛИСКИ ПРВАК СЕ ОСЛОБОДУВА ОД БРАЗИЛСКАТА SВЕЗДА?

Манчестер сити успеа да ја одбрани титулата во Премиер лигата, односно четири сезони едноподруго да биде шампион за историско остварување во англискиот фудбал.

Ваков подвиг досега не беше забележан на Островот, Граѓаните тоа го сторија први, а сезоната може да ја завршат со двојна круна доколку во претстојниот викенд го совладаат градскиот ривал Јунајтед во финалето од ФА Купот.

И покрај успешната сезона, Гвардиола планира промени во составот, а најголемо изненадување е инфомацијата дека Едерсон е слободен да го напушти клубот. Првиот голман на Сити има отворена врата доколку добие посакувана понуда, а се шпекулира дека неколку саудиски клубови се интересираат за потписот на бразилскиот чувар на мрежата.

Помалку е чудно зошто Сити го пушта 30-годишниот Едерсон, кој влегува во екот на кариерата и има уште  барем пет добри сезони да брани високо ниво. Сепак, клубот верува во потезите на Пеп, а ќе биде интересно да се види кој ќе го наследи Едерсон меѓу диреците.