Фудбал

ИТАЛИЈА Е НАЈДОБРАТА СЕЛЕКЦИЈА НА ОВА ЕП?

Најпријатното изненадување на континенталниот собир се Аѕурите, кои беа импресивни по првите три натпревари. Обично, состојбата или резултатот во групата не мора да значат дека се раѓа фаворит за освојување на титулата, но ова е сосеама поинаков пример, кој има континнуитет.

Италија е една од трите репрезентации која помина во 1/8 финалето со максимален број бодови, вкупно 9 од три натпревари. Имаше најдобра гол разлика, 7 постигнати погодоци, без ниту еден примен. Само уште Англичаните не примија гол во првата фаза, но одиграа едно реми 0:0.

Избраниците на Роберто Манчини постигнаа еден гол помалку од најефикасната селекција на 16-то ЕП, Холандија која имаше 8. Тоа е тимот од кој Италијанците последен пат примија гол, пред 11 натпревари кога во Лигата на нациите одиграа 1:1. Оттогаш, постигнаа 32 гола со чиста мрежа.

Аѕурите немаат пораз на 30 редоследни натпревари, постигнуваа и по 9, 7, 6, 5, 4 гола… Во квалификациите поминаа со максимален број бодови, победија на сите средби. Играат атрактивно, играат напаѓачки, комбинираат и инспирираат, го заборавија катанаџото, ја заборавија неинвентивноста…

Фаворит за освојување на титулата?