Фудбал

ЧЕЛСИ ЈА ДОБИ БИТКАТА ЗА ПОТПИСОТ НА БРАЗИЛСКИОТ БИСЕР„МЕСИЊО“

Палмеирас доби богатство од Реал Мадрид за услугите на супер-талентианиот Ендрик, а школата на овој бразилски гигант извади уште еден производ од чија продажба повторно ќе ја наполни касата.

Естевао Вилијан, или попознат како Месињо, е новиот вундеркид на Палмеирас кој по сите изгледи ќе потпише за Челси, откако премиерлигашот успешно ги одработи деталите околу договорот со претставниците на талентираниот офанзивец. Естевао има клаузула од 60 милиони евра, сума која Челси половина ќе ја плати во кеш, а половина на рати и во бонуси.

Моментално двете страни работат на остварување на трансферот, а како што известува Фабрицио Романо, наскоро ќе се официјализира целата работа.

Естевао на свои 17 години веќе има 14 сениорски настапи за Палмеирас со учинок од 3 гола и 1 асистенција, во главно играјќи по крилните позиции.