Фудбал

НА ДРЕСОВИТЕ НА РЕАЛ ПИШУВА РС, ЕВЕ ШТО ЗНАЧИ ТОА

Реал Мадрид игра против Баерн Минхен во второто решавачко полуфинале на Сантијаго Бернабе, а бидејќи голови се уште нема, еден детаљ го привлече вниманието на фоторепортерите и светските медиуми.

Родриго, при една шанса го поткрена дресот и ја откри пораката која фудбалерите на Реал Мадрид ја имаат под дресовите, која гласи „Молете се за ГС’.

РС е скратеница за Рио Гранде до Сул, сојузна држава во Бразил која е погодена со катастрофални поплави. Очигледно, бразилските играчи имаат пораки за поддршка во случај на постигнување на гол на еден од нивните соиграчи.