Фудбал

ДАЛИ БАЕРН БЕШЕ ОШТЕТЕН СО ГОЛ ЗА ИЗРАМНУВАЊЕ? (ВИДЕО)

Реал Мадрид се пласираше во финалето на Лигата на шампионите, но победата на кралевите ќе биде со мала дамка поради оваа спорна ситуација во последните минути од судиското продолжение.

Имено, судијата Марчињак по асистенција на линискиот судија, досуди офсајд иако акцијата се уште беше во тек и тоа во шеснаесетникот на Реал Мадрид. Де Лихт постигна гол, но тоа беше залудно, бидејќи Марчињак свирна неколку секунди претходно и немаше можност за VAR проверка.

Вреди да се напомене дека ситуацијата е многу блиску, но ВАР технологијата требаше да го расчисти овој случај.