Фудбал

ФРАНЦУЗИТЕ ГО ГАЃАА РОНАЛДО СО „КОКА – КОЛА“

Португалската мегаѕвезда Кристијано Роналдо продолжи да ги тероризира голманите и на синоќешниот меч со Франција. Тој двапати го надмудри Хуго Лорис од пенал и стигна до пет постигнати гола на Европското првенство.

Француските фанови не можеа да се воздржат и од трибините го гаѓаа со шишиња „Кока – Кола“.

Роналдо претходно на прес – конференција ги отстрани шишињата со „Кока – Кола“ и им порача на луѓето дека многу поздраво е да пијат вода. Ова направи тотален хаос и моментно ја падна вредноста на познатата компанија за безалкохолни пијалаци за неверојатни четири милијарди евра.

Но, и „Кока – Кола“ си има свои приврзаници кои му возвратија на Роналдо гаѓајќи го од трибините.