Кошарка

СРБИТЕ СЕ ИЗНАСМЕАЈА НА ГРОТЕСКТНАТА СУДИСКА ОДЛУКА

Српските кошаркарки се пласираа во полуфиналето на ЕП каде ќе се соочат со селекцијата на Белгија. Србинките славеа против Шпанија во Валенсија, со 71:64, додека Белгија ја совлада Русија со 85:83.

Мечот беше тензичен, Србија губеше но успеа да се врати во игра и да обезбеди 62:61 на 18 секунди до крајот, кога иако немаше исполнето бонус, по еден фаул судиите решија да доделат слободни на 1,5 секунди до крајот.

Фаулот кој беше оценет како обид на кош, помина со едно погодено и едно промашено слободно. На некој начин правдата беше задоволена, затоа што Шпанија на крајот заслужено загуби во продолжението.