Фудбал

ИТРАТА ЛИСИЦА ВО СВОЈ СТИЛ ГО ПОТВРДИ КАМБЕКОТ ВО ПРЕМИЕР ЛИГАТА (ВИДЕО)

Лестер од следната сезона повторно ќе биде дел од англискиот крем, откако Лисиците вчеравечер го потвдија освојувањето на Чемпионшип-титулата на гостувањето кај Престон.

Лестер славеше со 3-0, Џејми Варди беше двократен стрелец за 1-0 и 2-0, а токму вториот гол беше во апсолутен негов стил. Ударот на Чодури заврши во дирекот и позади противничкиот голман, по што Варди остана сам пред празна мрежа и на два метри од голот шутираше со сета сила и речиси ја искина мрежата.

Тоа беше потврдата дека Лисиците се враќаат во Премиер лигата по само една сезона пауза.