Фудбал

ЕДНО РЕМИ И ОТИДЕ ТИТУЛАТА

Манчестер сити вчера ја продолжи серијата на пет лигашки победи по неславното реми без голови против Арсенал, откако погодоците на Гвардиол и Халанд беа доволни за Нотингем да падне на домашен терен.

Пеп Гвардиола по мечот истакна дека гостувањето беше многу тешко за неговите фудбалери, па се изјасни што може неговиот тим да направи за да ја одбрани титулата во Премиер лигата.

„Она што е во наша контрола е да го добиеме натпреварот и следниот викенд. Да ја продолжиме трката, тоа е наша работа. Доколку одиграме едно реми, нема да ја освоиме Премиер лигата. Тоа е што е“, истакна Гвардиола по триумфот над Нотинхем.

Сити со 79 бода стои на второто место на табелата, но има и натпревар помалку од лидерот Арсенал кој има 80 бода. До крајот остануваат уште три кола во кои ќе дојде крајот на неизвесната трка за титулата.