САМО ВО НОРВЕШКА: ОД СОБЛЕКУВАЛНА, ПРЕКУ РАСКРСНИЦА, НА ТЕРЕН (ВИДЕО)
Објавено на: 29.04.2024
Новиот норвешки прволигаш ФК Осло ги има можеби и најчудните услови за играње на фудбалските натпревари.
Нивната соблекувална е на една страна, теренот односно стадионот на сосема друга, па за да се стигне до теренот, фудбалерите и судиите треба да поминат преку раскрсница.
Ситуацијата беше доста комична во пресрет на дуелот против Бран, кој заврши без голови. Играчите и арбитрите се снимени како поминуваат пешачки премин на пат кон теренот.
— TV 2 Sport (@tv2sport) April 28, 2024