Кошарка

НАЈКОРИСНИОТ ИГРАЧ НА НБА НЕ СМЕЕ ДА СЕ ВРАТИ ВО РОДНАТА ЗЕМЈА ПО НАРЕДБА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ

Џоел Ембид, првата ѕвезда на Филаделфија сиксерс и актуелен МВП на НБА, не смее да се врати во родниот Камерун по одлуката да игра под знамето на САД на претстојните Олимписки игри кои летово ќе се одржат во Париз.

Центарот на Сиксерс одговори на повикот од Стив Кер да игра за популарниот дрим-тим, наместо да ја застапува татковината, по што претседателот на Камерун, Пол Бија, изјави дека Ембид повеќе не е добредојден во земјата.

„Тој матурираше од играч кој разочара еден градо во играч кој разочара цела држава. Одлуката на Ембид да игра за САД е единствениот начин за мигрантот да освои каков било трофеј. Тој повеќе не е добредојден во Камерун“, истакна Бија.

За разлика од САД, камерунската кошаркарска репрезентација допрва треба да обезбеди пласман на завршниот олимписки турнир, кога во јули во Рига, Литванија, ќе игра против Бразил и Црна Гора во квалификациската група, а потоа и евентуален плеј-оф за пополнување на финалната група Б каде се домаќинот Франција, светскиот шампион Германија и Јапонија.