Фудбал

СРЕДЕ ЕВРОПСКИ ПАРЛАМЕНТ: ЈУВЕ Е СР*ЊЕ, ФОРЦА ТОРИНО! (ВИДЕО)

Мик Валас, европскиот пратеник на Република Ирска, на денешната седница се појави во дрес на Торино и изненади со својат кратка реплика.

Стана, се исправи, и јасно и гласно порача на италијански јазик:

„Со среќа на Торино во градското дерби против Јувентус во сабота. Јуве е срање, форца Торино!“

 

Во сабота во 18 часот, Торино ќе го пречека Јувентус пред својата публика, па овој краток говор на Валас е можеби најдобрата најава за мечот, а уште почудно е што популарните Бикови имаат нивен фан од Ирска.