Фудбал

А, ВО БИЛБАО, СЕ СЛАВИ КУП-ТИТУЛА ПО 40 ГОДИНИ ПАУЗА (ВИДЕО)

Атлетик Билбао пред неколку дена го освои Кралскиот Куп по победата над Мајорка на пенали во големото финале. Баскискиот клуб стави крај на 40-годишниот пост без трофеј во ова натпреварување и нормално, следуваше огромна фешта по тој повод.

Билбао го освои трофејот првпат од сезоната 1983/84, кога беше и шампион на Шпанија, па навивачите приредија незаборавна прослава на реката Нервион.

Традиционално, во употреба беше пуштен „Ла Габара“, бродот кој плови по реката секогаш кога Билбао ќе освои трофеј. Одамна не пловел, но затоа навивачите на баскискиот клуб конечно го дочекаа моментот.